Легендарниот голман на Парма и некогашен италијански рекордер, Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со италијанскиот клуб, објави клубот. Новиот договор на 44-годишниот италијански голман е до 2024 година.
Да потсетиме, Буфон минатото лето потпиша договор со Парма. Оваа сезона одигра 23 натпревари во Серија Б, од кои на 8 остана со празна мрежа. Претходно Буфон настапуваше само уште за Јувентус, ПСЖ и за италијанската репрезентација.
The legend continues.#Buffon2024 🟡🔵 pic.twitter.com/wEasA8fboi
— Parma Calcio 1913 (@ParmaCalcio_en) February 28, 2022