„Дерби дела Мадонина“, сепак, без Ибра?

200

Првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, новото дерби Милан и Интер е на програмата утревечер на „Сан Сиро“. Трето сезонско дерби меѓу градските ривали кои повторно се соочуваат во првиот натпревар од Купот на Италија е најава за уште една голема пресметка.

Тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли, на прес-конференцијата пред мечот истакна дека и за утрешниот дуел крајно неизвесен е настапот на Златан Ибрахимовиќ.

„Тој е малку подобар, но не знам дали може да биде во тимот. Тоа треба да се процени неговата ситуација од ден на ден, засега не знам“, изјави Пиоли.

Денешниот ден отвора клучна недела за „росонерите“, затоа што по овој куп меч ги чека и пресметка со Наполи.

„Не се покажавме добро во последните неколку натпревари, но сега треба да размислуваме за натпреварите што следуваат. Многу посеавме, сега треба да жнееме. Имаме млади играчи, но сега можеме да играме со голема сила. Во вакви натпревари нема фаворити, дербито е секогаш дерби. Не мислам дека ниту првото дерби, ниту мечот со Наполи ќе ни ја одлучат сезоната, зтоа што потоа ќе има други“, вели Пиоли.

Првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија меѓу Милан и Интер ќе се одигра утревечер од 21 часот.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: ФИФА и УЕФА ги исфрлија руските клубови и репрезентацијата од сите натпреварувања!
СледноУЕФА и официјално го откачи “ГАЗПРОМ“!