Бобан Николов остана без тренер: Вернидуб облече униформа и замина да ја брани Украина!

695

Пет месеци откако неговиот тим славеше во Лигата на шампионите над Реал Мадрид, тренерот на молдавската сензација во ЛШ оваа сезона, Шериф Тираспол, Јуриј Вернидуб, се врати во својата родна Украина и се пријави во територијалната одбрана.

Тренерот на нашиот репрезентативец Бобан Николов е е роден во Житомир, северен град во Украина, и донесе одлука да се врати во својата татковина напуштајќи го Шериф Тираспол во моментите кога на неговата земја и е најтешко.

Сликата објавена на социјалните мрежи го потврдува фактот дека Вернидаб се вратил во Украина, сликан во камуфлажна облека, со двајца колеги од армијата.

Вернидаб (56) ќе му се придружи на светскиот шампион во бокс, Васил Ломаченко, откако се откри дека и тој и се приклучил на војската. Како и Ломаченко и Вернидаб, во борбата се приклучија и иконите и поранешни украински боксери Владимир и Виталиј Кличко.

Претходно„ОРОЛОЏО“-ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ: Баскет Кам и Вардар тргнаа со убедливи победи
СледноЧурлинов остана без „Гаспром“ на дресот во Шалке