Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот собир пред двомечот со Словенија во рамките на ЕХФ Евро Купот.
Селекторот Љубомир Савевски за оваа пресметка смета на 20 ракометарки. Од првичниот список отпадна Марија Штериова, која е повредена.
На списокот ракометарки за дуелите со Словенките ја нема и голманката Марија Јовановска поради болест. Со оглед на интернационалните обврски, на денешниот прв собир не се појавија и „Французинките“ Мицевска и Гичевска.
Првиот натпревар меѓу Македонија и Словенија се игра во Целје на 3 март, а реваншот во Скопје е закажан за 6 март.