Каков удар ќе биде тоа за рускиот фудбал, за рускиот спорт. Имено како што попладнево објави Би-би-си, ФИФА до крајот на денот ќе објави дека ќе ја исклучи или исфрли Русија од сите можни фудбалски натпреварувања.
Ова доаѓа по веста дека ИОК или МОК побара, поради агресијата на Русија врз Украина, препорача забрана за учество на спортистите од Русија и Белорусија.
Инаку ова значи дека Русија, благодарение на својот претседател, нема шанси да игра во баражите за пласман на Мундијал, исто така ќе бидат исклучени и сите клубови, како Спартак Москва во Лигата на Европа. Ова УЕФА секако дека ќе го спроведе.