ФОТО НА КОЛОТО: На Шкупи никој ништо не му може!

524

Дали по 21.коло и дефинитивно битката за титулата е готова. Шкупи сега има предност од +10 бодови во однос на Шкендија, и веројатно само катаклизма може да ги спречи чаирчани да ја освојат титулата. И не само поради бодовната разлика, туку и поради фактот дека Шкендија е добра, убедлива, но само со ривали кои се послаби од неа. Еве вчера во Тетово дојде А. Пандев и шампионот и тоа како си имаше проблеми. Се гледа дека таму и покрај играчкиот квалитет и потенција, некои работи не „штимаат“.

Шкупи пак си “гази“…сега кога ќе се вратат и „шверцерите“ на Чаир едноставно ќе биде непобедлив.

Фото на колото секако дека е заедничкото славје на играчите со своите фанови кои беа надвор од стадионот на Чаир по вчерашниот меч со Тиквеш.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Руските клубови исфрлени од Евролигата и Еврокупот!
СледноОФИЦИЈАЛНО: ФИФА и УЕФА ги исфрлија руските клубови и репрезентацијата од сите натпреварувања!