КОМЕНТАР НА 21.КОЛО: Далеку е оваа Брегалница од шампионски шмек….

1874

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Трет меч пролетва и втор пораз за Брегалница. Со само еден освоен бод од можни девет секако дека штипските „сини“ се најголемото разочарување во изминатите три кола во ПМФЛ.

Со ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски за тренер, ние како Брегалница добиваме шампионски шмек“ беа зборовите на првите луѓе на клубот при промоцијата на екс претседателот на ФФМ и некогашен шампионски тренер на Македонија ЃП и Вардар.

И се почна како “подмачкано“. Супер игри и супер резултати на подготовките во Анталија, Штип во еуфорија, сите со нерпение го чекавме пролетниот дел.

А во првите три кола – КАТАСТРОФА…

Три меча како што рековме и само едно реми. Порази од Ренова и Македонија ЃП и нерешено со Струга ТЛ и тоа едвај. Што ли ќе беше ако Брегалница играше со Шкупи, Шкендија или А. Пандев? Можеме само да претпоставиме.

И, сега, кој е крив? Кој е виновен?

Јасно е дека не е само вината во Илчо, тој е докажан стратег, но со тренерска пауза од речиси девет години. Дали тоа е раководството на клубот, кое премногу го интересира изгледа некои други работи отколку резултатите на тимот?

Дали тоа се играчите? Дали некој трет или четврти?

Тоа во Брегалница сами треба да си го увидат.

Среќа за нив што претстојниот викенд им доаѓа во Штип еден Пелистер, па може да се смират стратстите, а што ако ривал им беше некој како, и повторно, Шкупи, Шкендија или А. Пандев.

И дефинитивно далеку е оваа Брегалница од посакуваниот шампионски шмек, како што се фалеа пред точно два месеци Кире и Никола. Треба уште многу, многу работа, трпение…

Брегалница загуби во Ѓорче, Илчо беше поразен онака глатко, посебно според играта во второто полувреме, од своите “лавови“.

Шкупи си гази кон титулата, Шкендија “зариба“ против А. Пандев која уште еднаш покажа дека игра еден навистина модерен фудбал. Работнички по тешкиот терен на Автокоманда си го победи Скопје.

Во Велес долго ќе се памети супер – голот на Буњамин Шабани од Струга ТЛ а денеска во Охрид екипите на Пелистер и Ренова ремизираа за затворање на 21.коло во ПМФЛ.

ПретходноНова суспензија за Русија и Белорусија, овој пат од ЕХФ!
СледноРуина и гадотија – на овој стадион ќе го играме баражот за СП! (видео)