Русија е исфрлена од сите спортиски меѓународни натпреварувања, истото важи за Белорусија. Меѓународниот олимписки комитет им порача на сите федерации да ги суспендираат овие две земји поради нападот врз Украина.
Откако ЕХФ ги одложи натпреварите во Лигата на шампиони и Европската лига, сега зеде јасен став. Руските и белоруските екипи во машка и женска конкуренција се суспендирани, тие немаат право на настап.
Истото важи за националните тимови на овие земји, машките репрезентации нема да настапуваат во квалификациите за СП 2023 година, додека женските нема да играат квалификации за ЕП.