Турскиот фудбалер Ајкут Демир се најде во центарот на вниманието затоа што одби да носи маичка со натпис „Запрете ја војната“. Пред мечот на Ерзурумспор против Анкарагучи, играчот на домашните се појави во дрес додека сите други носеа маичка со споменатиот натпис.
Со тоа однесува на војната во Украина и нападот на руската војска на оваа држава кој трае веќе неколку денови. А Демир одби да излезе на терен со таква маичка и објасни зошто:
„Илјадници луѓе секојдневно гинат на Блискиот исток. Сите молчат и го игнорираат тоа затоа што не се случува во Европа. Не се чувствував пријатно да ја носам таа маичка затоа што не е направена и за тие земји кои со години се во војна. Јас сум против сите војни во светот. Не сакам да страдаат невини луѓе. Ако осудуваме, треба да ги осудиме сите војни кои се водат“.