Мајкл Кол пред 38 години купил карти за НБА-меч, поточно за дуелот на Чикаго, кој се одиграл на 26. октомври 1984 година. Тој никако не можел да најде друштво за оваа средба, па едниот билет останал неискористен.
„Не можам да опишам колку сум среќен поради тој исход, на некој начин и ми олесна што сето ова е готово“, изјави Кол за Тајмс.
Тој ги купил билетите за 8,5 долари, едиот го искористил додека другиот го ставил во архива Станува збор за билет за дебито на Мајкл Џордан во дресот на Чикаго Булс.
Токму оваа неискористена карта му донесе вистинско богатство, истата на аукција ја продаде за 468.000 долари.