Данскиот централен бек Андреас Кристенсен ќе се пресели во Барселона во текот на летниот преоден рок. Фудбалерот има договор со Челзи го крајот на актуелната сезона, а според спортскиот новинар Жерар Ромеро, шансите данскиот репрезентативец да го облече дресот на Барселона за идната сезона се 99%.
Се работи за спортски новинар кој е добро го познава трансферниот пазар и редовно за јавноста открива кои клубови за кои фудбалери се заинтересирани и кои фудбалери имаат најголеми шанси да направат трансфери пред се во шпанските клубови.
Кристенсен одигра 14 премиерлигашки натпревари оваа сезона. Од 2013 година е во Челзи, а две сезони играше како позајмен во Борусија Менхенгладбах. Инаку тој беше прекомандуван во првиот тим на Челзи од младинскиот тим, а пред да дојде во Лондон настапуваше и за младинските екипи на Брондби.
За Данска има одиграно 54 натпревари.