Бокс спектаклот на “Вембли“ во Лондон, закажан за 23 април, меѓу Тајсон Фјури и Дилан Вајт, во кој “Кралот на цигантите“ ќе го брани појасот во верзијата на ВБЦ, можеби ќе биде и последен во неговата кариера.
Фјури ова го кажа на промоцијата на мечот со Вајт.
“Нема ниту 1 процент шанса да загубам. Ова можеби ќе биде мојот последен меч во кариерата. Имам 150 милиони евра на сметка, здрав сум, уште сум млад. Ќе си купам јахта а на неа ќе бидам со некоја секси блондинка, ќе си пијам од мојот омилен пријалок и ќе си речам – `Човеку, ти го направи тоа`“ рече покрај другото светскиот првак.