Втор официјален меч за Алексндар Васоски на клупата на Сараево и втора победа. По првенствениот триумф минатиот викенд во Требиње кај Леотар, попладнево нашиот стратег успешно го водеше „бордо“ тимот и во Купот на БиХ. Имено во првиот меч од 1/4 финалето во Купот, тимот на Васоски со 2:0 беше подобар од Слобода Тузла. Секако дека ова е добар резултат во пресрет на возвратниот меч. И одново Крсте Велкоски влезе во игра во финишот на средбата, а Даниел Аврамовски не беше во записникот.
Имено популарниот Цујо се уште ја чека целокупната регистрација, па дури потоа ќе може да заигра за својот нов тим. Барем такви се информациите од Сараево.