Благодарение на автоголот на Венути во 91. минута, фудбалерите на Јувентус се враќаат со победа од првото полуфинале во Купот на Италија на гостувањето кај Фиорентина. Во меч во кој домашните беа подобри, имаа и повеќе упатени удари кон противничкиот гол, младиот тим на Масимилијано Алегри на крајот се радуваше на победата.
Со оглед на тоа што кон средината на април следува реваншот во Торино, оваа гостинска победа за „Старата Дама“ е чекор кон големото финале.