„Олд Фирм“ за првпат во историјата ќе се одигра надвор од Шкотска

225

Селтик и Ренџерс, двата големи ривали од Глазгов, за прв пат ќе го одиграат „Олд Фирм“ дербито надвор од Шкотска. Тоа нема да биде во друг град во Европа, туку се селат на друг континент – Австралија.

Двете екипи потпишаа договор за учество на Сиднеј Суперкупот кој ќе се одржи од 16 до 20 ноември и на кој ќе учествуваат вкупно четири екипи, а покрај Селтик и Ренџерс ќе играат уште ФК Сиднеј и Вестерн Сиднеј Вондерерс кои се дел од австралиската А-лига.

Едно од најстарите и најпознатите дерби натпревари ќе се одигра на стадионот „Австралија“ во Сиднеј со капацитет од 83,000 гледачи на 20 ноември за време на пет неделната пауза на австралискиот шампионат пред стартот на Светското првенство во Катар.

Фото: Тwitter/@BBCSportSco

ПретходноНант за прв пат по 21 година ќе се бори за трофеј
СледноТухел: Ситуацијата е сериозна и играчите ја разбираат