Минаа четири месеци откако Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. По разделбата со каталонскиот гигант ретко го имаше во јавноста, ниту пак ја раскажа неговата страна на приказната околу раскнувањето на соработката, што точно се случувало во клубот.
Куман одлучи да откри некои детали. На неговото место во Барса дојде легендата Чави Хернандез. Неговото заминување на било изненадување, но затоа пак одлуката да се донесе легендарниот фудбалер го изненадила, бидејќи Хуан Лапорта, постојано велел дека Чави нема искуство.
„Нема да ме видите на Камп Ноу некое време, не можам да одам таму. Не можам да глумам дека ништо не се случи со Лапорта. Не ми дадоа време како што тоа го сторија со Чави. За мене сето тоа се уште е болно. Работев со многу повредени играчи, дел не беа во форма. Сега можете да видите се“, изјави Куман.
Тој ја отвори и темата Лионел Меси.
„Не бев миленик на Лапорта, тоа чувство го имав од почетокот. На секој тренер му е потребно време и трпение од раководството. Би сакал да го имав. Лапорта 1000 пати ми кажа дека Чави нема да биде тренер. На инсистирање на управата прифатив да заминат некои играчи поради финансиската состојба. Но, кога ќе видите дека носат некој во тимот за 55 милиони евра веднаш по заминувањето на Лионел Меси, тогаш треба да се запрашате што се случило. Зошто Меси мораше да замине?“, рече Куман.










