Истанбул оваа година требаше да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите, но поради состојбата со пандемијата коронавирус, УЕФА одлучи истото да се одигра во Порто и тоа пред публика.
Откако овој турски град остана без организацијата на ваков голем настан, но затоа ќе биде домаќин на Суперкупот меѓу Челзи и Виљареал, а потоа во 2023 година и н финалето во ЛШ.
Оваа информација ја потврди, турскиот министер за спорт и млади, Мехмет Касапоглу.
„Ние ги направивме сите подготовки за организација на годинешното финале во ЛШ, едноставно пандемијата не спречи и немаше услови за такво нешто. Немавме среќа годинава, но затоа донесовме две врвни финалиња на нашата земја, прво Суперкупот годинава, а потоа финалето во ЛШ во 2023 година“, рече Касапоглу.