Официјално: Верстапен во „Ред Бул“ до 2028 година! (ВИДЕО)

174

Она што се најавуваше неколку денови од денеска е и официјално. Макс Верстапен, светскиот првак во Формула 1 го продолжи договорот со својот сегашен тим “Ред Бул“ и ќе биде дел од него најмалку до 2028 година. За висината на договорот, односно за годишната плата нема официјална информација. Па така се шпекулира дека Холанѓанецот во најмала рака ќе зема колку и Луис Хамилтон во „Мерцедес“ а тоа е 45 милиони евра по сезона. Исто така се шпекулира дека “Ред Бул“ го направил својот возач и подобро платен од Британецот, дека годишната плата на Верстапен е дури 50 милиони евра.

Инаку и двете страни истакнаа дека се задоволни од договорот и дека очекуваат уште шампионски титули.

Image

ПретходноПознати се групите за Светското првенство 2022
СледноОхрид убаво го испоти Вардар на стартот на плеј-офот (ФОТО)