Фудбалерите на Бетис и се придружија на Валенсија во големото финале на Копа дел Реј. Вечерва во Севиља, Бетис во 92. минута успеа да се избори за реми, 1:1 против Рајо Ваљекано и само поради триумфот на првиот меч од 2:1 успеа да се пласира во големото финале.
Рајо вечерва стартуваше без нашиот Столе Димитриевски, па дури и успеа да дојде во водство со голот на Бебе во 80. минута. Сепак, Инглесиас во втората минута од продолжението го матираше гостинскит голман Зидан и успеа да го лансира Бетис во големото финале.
Валенсија вчера успеа да го потврди своето место во финалето по победата од 1:0 над Атлетик Билбао.










