Италија – Македонија (24 март): Милевски ќе прозива на 20 март, два дена подоцна се лета за Палермо!

631

Остануваат уште 20 дена до историскиот меч меѓу Италија и Македонија во полуфиналето од плеј – офот за пласман на СП во Катар 2022 година. Планот е готов, имено селекторот на нашата најдобра фудбалска репрезентација Благоја Милевски за на 20 март (недела) во Скопје го свика собирот. Следуваат два тренинга во Скопје, за да на 22 март (вторник) нашата експедиција лета за Палермо, каде што на 24 март (четврток) на “Ренцо Барбера“ стадионот со почеток во 20:45 часот, ќе ги одмериме силите со Италија.

Колку за потсетување, победникот од овој дуел во финалето на 29 март се среќава со победникот од второто полуфинале меѓу Португалија и Турција. Значи само една од овие четири селекции ќе патуваат во Катар, да се надеваме дека тоа ќе биде Македонија.

Инаку Милевски списокот со играчи на кои ќе смета за мартовскиот циклус ќе го објави неколку денови претходно. Секако дека на него ќе бидат Елиф Елмас и Тихо Костадинов и покрај тоа што тие не можат да играат со Италија, но затоа тука ќе бидат во евеентуалното финале против Португалија или Турција.

Инаку за ден – два ќе се знае во кој хотел нашата експедицијата ќе престојува во Палермо.

ПретходноБраво: Чеферин во својот дом примил фудбалер кој побегнал од војната во Украина!
СледноАврамовски своето деби за Сараево ќе го има утре и тоа против Жељо!