Севиља испушти бодови во Алавес, трката по титулата им стана потешка

297

Екипата на Севиља се сопна во Алавес во трката по шампионската титула во шпанската Ла Лига. Вечерва андалузискиот тим одигра без голови со Алавес и по 27 одиграни кола има 55 бода, пет помалку од лидерот Реал Мадрид кој има и меч помалку. Тоа значи дека „кралевите“ ако го победат Сосиедад викендов ќе го зголемат бодовното салдо.

Алавес е на 18 позиција и во опасната зона, а ова е нивно седмо реми сезонава или второ по ред. Севиља е меѓу екипите со најмногу ремија досега, има 10.

 

 

ПретходноМартинез и Џеко ја растурија Салернитана (видео)
СледноКличко: Ловиме снајперисти, убивме шест!