Македонецот Андреас Трајковски го освои третото место во скок во далечина на Балканскиот шампионат во Истанбул во сала за сениори. Трајковски скокна 7 метри и 62 см. Златото го освои Исмир Смајлај од Албанија 7.79, а втор Марко Чеко од Хрватска кој скокна 7.71.
Инаку резултатот на Трајковски е само 3 сантиметри покус од македонскиот рекорд.