Триумф на Лестер, Лидс си тера по старо и со новиот тренер!

94

Во меч од 28.коло во Премиер – лигата, Лестер го победи Лидс со 1:0 и тоа со голот на Барнс во 67.минута на асистенција на Ихеначо. Значи Лидс си тера по старо, имено овој тим и со новиот стратег Џефри Марш загуби натпревар во најсилната лига во светот. Колку за потсетување, пред неколку денови Лидс му врачи отказ на Марсело Биелса и му даде шанса на Марш, да го извади тимот од долниот дел на табелата.

Инаку гостите можат да жалат зошто на 0:0 во 58.минута Родриго шутираше, но домашниот голман чудесно одбрани.

ПретходноПолувреме во Кавадарци: Нгоба ги тресе „пиратите“ за водство на Тиквеш!
СледноСе враќа ли во Торино: Погба ги почна преговорите со Јувентус!