Бутел Скопје водеше со плус седум, па се спасуваше во Битола

253

Бутел Скопје со победа тргна во плеј-офот, откако на гостувањето кај Е.Пелистер 2 славеше со 31-32 (12-17) во дуелот за третото место на табелата. Гостите до бодовите дојдоа благодарение на добрата игра во првото полувреме, како и поголемото искуство.

Ракометарите на Бутел Скопје поведоа со 3-10 и 4-11, на одморот имаа позитива од пет гола (12-17). Според играта во овој дел се чинеше дека гостите лесно ќе ги заверат бодовите, но избраниците на Александар Јовиќ се вратија и приредија драма, за жал немаа среќа да дојдат барем до бод, кој дефинитивно го заслужија.

Во последните десет минути домашниот тим се разбуди во мечот, со серија од 5-1 дојде само на еден гол негатива (27-28) во 55. минута. Во овој период, гостите влегоа во серија грешки и промашувања, па публиката доби незивесна завршница. Сепак немаше доволно време за реми на оваа средба, па Бутел Скопје од Битола си оди со цел плен.

Анастасијевиќ со шест гола беше лидер кај Е.Пелистер, на другата страна Мојсоски, Тот и Мајиќ имаа по седум гола.

ПретходноАман дете се промашува ли ова!? (ВИДЕО)
СледноЧелзи добар кај Барнли, Волфси „шокирани“ од Кристал Палас (ВИДЕО)