Тренерот на Милан, Стефано Пиоли потврди дека Златан Ибрахимовиќ утре би можел да се врати на теренот за пресметката со Наполи, откако долго време беше надвор од терените поради повреда.
40-годишната шведска легенда, која од крајот на јануари се мачи со проблеми со Ахиловата тетива, ќе биде во составот на дуелот од кој зависи врвот во Серија А.
„Ибра сега е подобар. Тренираше со нас вчера и денеска и најверојатно утре ќе биде во групата“, изјави Пиоли.
Милан извесно време беше на врвот на табелата, но двете ремија против Салернитана и Удинезе, им дозволија на Наполи и Интер да ги стигнат.