Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски повторно стрелаше за екипата на Дебрецин, но денеска неговиот тим не успеа да извлече поволен резултат на гостувањето против Будимпешта Хонвед. Дориан погоди за израмнување на 2:2, но домашните до крајот на средбата од 23. коло на унгарскиот шампионат постигнаа уште два кога, за конечни 4:2.
За Дориан ова е трет гол во дресот на Дебрецин, откако и тој и неговиот брат Давид се дел од тимот. И Давид Бабунски денеска беше стартер за Дебрецин и одигра комплетни 90 минути, за разлика од Дориан кој беше повлечен од игра во 72. минута.