Олимпискиот шампион Линдвик најдобар на скокалницата во Осло

105

Норвешкиот ски-скокач и актуелен олимписки победник Мариус Линдвик славеше на првиот од двата натпревара на Raw Air турнеја на големата скокалница во Осло, која се бодува за Светскиот куп.

Линдвик беше трет во првиот сет со скок од 129 метри, а скокот од 131 метри во втората серија му донесе победа со предност од 1,6 поени пред Германецот Маркус Ајзенбихлер, кој водеше по првиот скок.

Норвежанецот Роберт Јохансон (128,5 и 131 м) беше трет со 2,7 поени помалку од победникот. Јапонецот Рјоју Кобајаши го задржа водството на Светскиот куп, иако денескабеше само шести.

ПретходноЅвездите на ПСЖ не ја „преживеаја“ Ница (ВИДЕО)
СледноГи „извади од патики“: Димитријевиќ му „продавеше“ финти на Калатес (ВИДЕО)