Со евентуалниот ангажман на Килијан Мбапе, Реал Мадрид може да профитира и на други полиња. Имено се најавува дека ако Французинот дојде на „Сантијаго Бернабеу“, тогаш и францускиот автомобилски гигант „Рено“ би бил еден од главните спонзори на „кралевите“.
Засега “Ауди“ е спонзор во однос на возниот парк во Реал Мадрид, договорот важи до 2023 година, но ако французите понудат повеќе тогаш јасно е дека во иднина фудбалерите на Реал Мадрид ќе возат Рено.