Атлетико на крилата на Феликс го „растури“ Бетис на „Бенито Виљамарин“ (видео)

166

Екипата на Атлетико го совлада Бетис во Ла Лига во 27 коло на „Бенито Виљамараин“ во Севиља со 3:1. Со тоа „јорганџиите“ се искачија на четвртото место на табелата, последното кое води во ЛШ, а притоа „зелено-белите“ паднаа место подоле.

На теренот царуваше Жоао Феликс кој постигна два гола. Португалецот постигна гол во 2. минута од мечот, а во последните секунди од првиот дел изедначи Кристијан Тељо. Во 61. минута Феликс повторно го доведе Атлетико во предност, а конечниот резултат го постави Тома Лемар десет минути пред крајот на мечот.

А петти пат во кариерата Феликс постигнува 2+ погодоци на еден меч за Атлетико од кои четири се во Ла Лига и еден во ЛШ.

ПретходноЕлмас и Наполи поразени во дербито со Милан (видео)
СледноРаботнички продолжи шампионски, „максималка“ и против Наковски Волеј