Данил Медведев и оваа недела ја започна како најдобар тенисер во светот, но овој пат погледот кон АТП листата е поинаков. За првпат во историјата број еден тенисерот се наоѓа без знамето на својата држава.
Оваа одлука доаѓа од водечките луѓе по руската агресија врз Украина. Еднакво се казнети и Белорусите, кои и помагаат на Русија во нападот над Украина. Инаку руските тенисери се едни од ретки кои во популарните спортови не се исфрлени од страна на меѓународниот сојуз.