Роман Абрамович после речиси 20 години ќе го продаде актуелниот сверопски и светски првак Челзи. Оваа промена дојде по руската инвазија над Украина, како и збраната на Велика Британија за руски бизнисмени.
Цената која ја постави за лондоснкиот клуб изнесува две милијарди евра, а странските медиуми дознаваат дека тој и натаму ќе остане во фудбалот. Покрај идејата да созададе лига, тој сака да купи нов тим.
Станува збор за бразилскиот гигант Васко де Гама, кој е стар 123 години. Овој тим неофицијално е негова следна цел, а истиот не бил имал против да има газда како него, особено по она што успеа да го направи со Челзи.
Васко де Гама во овој момент се натпреварува во бразилската Серија Б.
Четирикратниот првак на Бразил, последната титула во оваа земја ја освои во 2000 година, додека Купот го освои во 2011 година.
Останува да видиме дали навистина дел од овие најави ќе се остварат.