Македонската фудбалска репрезентација го одработи денешниот тренинг на теренот на ФФМ. Иако денеска временските услови не се поволни, сепак, планот мора да се следи и да се увежбуваат некои варијанти кои би требало да бидат корисни за настапите на ЕП 2020. Засега недостасува само голманот Столе Димитриевски кој утре доаѓа во Скопје и ќе им се приклучи на соиграчите. Енис Барди е во карантин откако е позитивен на коронавирусот, неговата состојба е добра и се очекува наскоро да им се приклучи на колегите.
Да потсетиме, во вторник Македонија ќе одигра пријателски натпревар со Словенија на „Арената“ во Скопје.