Автоматски по завршувањето на ова коло во ПМФЛ, кое беше одложено изминатиот викенд, и се одигра денес, се дозна и распоредот за третиот и воедно последен круг од овогодинешниот шампионат.
Па така, лидерот Шкупи ќе го пречека тимот на Работнички, додека пак Шкендија ќе игра со Тиквеш. Второпласираниот тим на Академија Пандев ќе го пречека тимот на Струга Трим Лум, додека пак Брегалница ќе игра со Борец. Ренова – Пелистер, односно Македонија ЃП – Скопје ќе го комплетираат тоа 23 коло. кое се игра на 13.03.2022 во 15.00 часот.