Неверојатно: Два дена, два меча, исти ривали и ист резултат

188

Оваа информација доаѓа од главниот град на Чиле Сантијаго каде се игра Челенџер турнир во тенис. Аргентинецот Хуан Баутиста Торес во финалето во квалификациите го совладал Даниел Дутра да Силва од Бразил со резултат 6:4 и 6:2.
Бразилскиот тенисер и покрај поразот имаше среќа затоа што и покрај поразот во квалификациите, влезе во главниот турнир како „лаки лузер“. А ждрепката повторно ги спои овие двајца тенисери во првото коло на турнирот.
Два дена подоцна по првиот дуел, повторно двајцата тенисери излегоа на мегдан и повторно славел Торес со идентичен резултат 6:4 и 6:2.

ПретходноТимошчук одби да ја напушти Русија, па го избришаа од фудбалската историја
СледноФеникс повторно го доби дуелот на дебитантите