Фудбалскиот сојуз на Италија ја потврди информацијата дека дресовите на Пума заминуваат во минатото, а новата опрема на националниот тим ќе ја произведува Адидас.
„Оваа соработка претставува важен чекор во смисол на раст на нашата комеријална привлечност, а исто така го засиливме и процесот на развој на нашиот бренд, како во Италија така и во странство. Страста и ентузијазмот кој го приметивме од Адидас е во еднаква мера како онаа која ја има нашиот Фудбалски сојуз“, изјави претседателот на ФС на Италија Габриеле Гравина.
Претходните 20 години спонзор на Италија беше Пума, а во опремата на овој произведувач на спортска опрема беа светски шампиони во 2006 година, а ја освоија европската титула минатата година. Пред Пума италијанскиот национален тим ги носеше дресови на Каппа, во деведесеттите години на минатиот век носеа дресови од марката Диадора.