Феникс се исправи по поразот од Гостивар на гости, по вторпат оваа сезона излезе победник од дуелот на дебитантите. Избраниците на Денис Дервишевиќ славеа на гостувањето кај Ангели со убедливи 66-86 во заостанат меч од 15. коло.
Гостите мечот го решија во втората четвртина. По 18-18 во воведните десет минути, вториот период го добија со 27-9. Ангели не можеше да се снајде во нападот, па токму лошата игра во овој период на крајот пресуди.
За домашниот тим ова беше 15. пораз сезонава, на другата страна Феникс има 27 бода и продолжува со битката за место во Супер-лигата.
Морган и Трајковски беа лидери во редовите на победникот, заедно постигнаа 52 поени, на другата страна Рејм имаше 16 поени, Милков два помалку.