Вардар 1961 со стил се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампиони, на домашен терен го совлада Елверум со убедливи 39-30 во последниот меч од групната фаза.
„Отворивме добро во првиот дел, тимот ја немаше нашата голманска поддршка. На полувремето се консилидиравме, моравме да го дадеме најдоброто. Благодарност до публиката, до тимот, сите верувавме кога имавме тежок период, покажавме карактер. Победата е важна пред мечот со Веспрем“, изјави Томовски, кој мечот го заврши со девет погодоци.
Во осминафиналето Вардар 1961 ќе игра против Веспрем, првиот меч се игра во Скопје, најверојатно на 30. март.