Браво Тимчо Муцунски – Општина Аеродром е нов спонзор на Вардар 1961

7698

Вардар 1961 го исполни она што го вети, со победа го завери пласманот во следната рунда во Лигата на шампиони. Вечерва фановите во СЦ „Јане Сандански“, но и оние пред ТВ-екраните уживаа во одличното издание на своите миленици, на крајот беа наградени со 39 погодоци во мрежата на Елверум.

На трибините беше и градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски. На „црвено-црните“ им порача дека тие се гордост. По мечот тој лично им ја честиташе победата посакувајќи им успех и на двомечот со Веспрем во осминафиналето.

Но, не е само ова. Општина Аеродром е новиот спонзор на Вардар 1961, деталите ќе бидат познати наскоро. Секоја чест за градоначалникот, кој во својот краток мандат направи големи чекор, а еден од нив е двократниот освојувач на титулата во Лигата на шампиони.

„Вечерва по големата победа на РК Вардар имав кратка средба со играчите на овој клуб. Многу позитивна енергија, ентузијазам и желба за нови европски титули од овие играчи. Како Општина Аеродром целосно им стоиме на располагање на играчите и Општината во иднина ќе продолжи засилено да дава поддршка за македонскиот шампион. Спортот го обединува народот, спортот ги прави среќен Македонците.
Да продолжиме да даваме поддршка за Вардар и да одиме на европска титула“, истакна Муцунски. 
ПретходноВардар победнички во осминафиналето, дебакл на Елверум во Скопје (ФОТО)
СледноТомовски: Верувавме кога имавме тежок период, покажавме карактер!