Несекојдневно. И покрај толку ѕвезди во таборот на Ливерпул, Жоел Матип е избран за играч на месец февруари во Премиер – лигата. Не дека не е заслужено, но Матип е далеку од тоа да е носител на играта на “редси“, сепак тој на изминатите четири меча навистина беше одличен, ги одигра сите натпревари а постигна и гол и забележа и асистенција.
Интересное тоа што тој е третиот дефанзивец во последните девет години кој е избран за најдобар играч на месецот во најсилната лига во светот. Претходно тоа биле само неговите клупски колеги Трент Александар – Арнолд двапати и еднаш Вирџил ван Дајк.
Наградата за тренер на месецот е Еди Хау, кој со Њукасл во февруари освои 10 од можни 12 бодови и тимот го однесе во безбедната зона на табелата.