Урнебесно: „Каземиро го стопираше Меси, затоа Реал победи“. А Бразилецот беше на трибини…

2161

Урнебесно, комично. Кој ли само во овој фудбалски свет е аналитичар и стручен коментатор. Па така извесен Освалдо Пасквал, стручен коментатор на ЕСПН во Бразил, истакна дека за победата на Реал Мадрид со ПСЖ не е толку заслужен Бензема и неговите три гола, колку Каземиро.

Еве го неговиот „стручен коментар“…

Меси не е Меси ако е затворен во просторот меѓу одбраната и средниот ред каде што е најдобар. Но на овој меч Лео беше стопиран од Каземиро, тој доминираше во средината од теренот и затоа Меси не се виде, едноставно Каземиро го стопираше Лео“ тресна и остана жив тој Освалдо Пасквал.

Велиме „тресна“ зошто познато е дека на „Бернабеу“ во Мадрид, во мечот кој Реал го победи ПСЖ со 3:1, Бразилецот Каземиро не ни беше на терен туку на трибини поради суспензијата.

УРНЕБЕСНО И КОМИЧНО…

ПретходноПелистер се намачи, но успеа да го совлада МЗТ 2
СледноБутел ја совлада Струга се пласира на Ф4, Вардар без проблеми против Јуниор КВ