Пелистер се намачи, но успеа да го совлада МЗТ 2

154

Лидерот во македонското кошаркарско првенство Пелистер ја забележа 17-тата победа во првенството. Битолчани славеа победа над МЗТ 2 со 99:89 вечерва на свој терен. А „зелено-белите“ добро се испотија за да стигнат до триумф. Гостите кои допатуваа како аутсајдери добро се прикажаа.
На полувреме беше изедначено 47:47, а во четвртиот период домашните влегоа со предност од само три поени (70:67). Во финишот кај нив не попушти концентрацијата и го завршија мечот во своја корист.

Најефикасен на натпреварот беше кошаркарот на МЗТ 2  Кахим Рансон со 32 поени, а кај скопската екипа добра партија пружи и Максим Митевски со 26 поени.

Кај Пелистерци најмногу поени реализира Никола Малешевиќ 28, покрај него се истакна и Игор Кешар со 20 поени.

Пелистер има скор од 17-1 (35 бода), а втор на табелата е МЗТ Скопје со скор 14-3 (31 бод)

ПретходноСтопер на Ливерпул е играч на месецот во Премиер-лигата, но не е Ван Дајк!
СледноУрнебесно: „Каземиро го стопираше Меси, затоа Реал победи“. А Бразилецот беше на трибини…