Агуеро веќе е во Барселона, познати се деталите

627

Серхио Агуеро за десет години минати во Манчестер Сити постигна 260 гола. Аргентинецот е еден од најдобрите странци во историјата на Премиер-лигата.

Сепак во последниот настап за Сити не успеа да го постигна најважниот погодок во кариерата, а тоа е против Челзи во финалето на ЛШ.

Дибро е познато дека од следната сезона ќе го гледаме во дресот на каталонскиот гигант. Агуеро веќе е во Барселона, со која треба да потпише двегодишен договор.

Аргентинскиот фудбалер денеска треба да ги мине лекарските прегледи, според тамошните медиуми во овој тим ќе остане до 2023 година и ќе заработува пет милиони евра годинишно.

ПретходноМората останува во Јуве уште една година
СледноМакедонија ги придобива симпатиите пред Европското првенство