Одермат го освои Малиот кристален глобус во велеслалом

54

Норвешкиот скијач Хенрик Кристоферсен славеше на денешниот велеслалом во Крањска Гора, додека Швајцарецот Марко Одермат го освои Малиот кристален глобус во оваа дисциплина. Кристоферсен по првото возење беше петти, но во второто беше одличен и стигна до победа со вкупно време 2:18.28. Второто место го поделија Одермат и Лукас Братен кои поминаа низ целта со идентично време 2:18.61.

На две трки до крајот на сезоната Одермат има 560 бодови, додека второпласираниот Кристоферсен 353.

Во женска конкуренција, Австријката Катарина Линсбергер стигна до својата трета победа во Светскиот куп во денешниот слалом во шведскиот Аре. Актуелната светска шампионка во слалом победи на претпоследниот слалом во оваа сезона со вкупно време 1:46.18. Второто место го освои Норвежанката Мини Ферст Холтман која заостана 16 стотинки. Трета заврши Мишел Гисин од Швајцарија.

Петра Влхова која неодамна го осигура Малиот кристален глобус во оваа дисциплина заврши на четвртото место со две стотинки послабо време од Гисин.

Во вкупниот поредок Влхова го намали дефицитот во однос на Микаела Шифрин на само 56 бодови во пресрет на завршницата во Мерибел.

ПретходноОва ли е Вардар: Мачење на теренот, потење на трибините! (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноБаерн одигра реми со Хофенхајм и подобри апсолутен рекорд во Бундес (видео)