Манчестер Сити го договори трансферот на бразилскиот 17-годишен фудбалер Савио Мореиро де Оливеира, попознат како Савињо на „Етихад“. Тој доаѓа од редовите на Атлетико Минеиро за кого во претходните две сезони запиша 23 настапи.
Англискиот првак на Атлетико му плати 6,5 милиони евра, со тоа што ќе плати и дополнителни шест во форма на бонуси. Тинејџерот од Рио де Жанеиро ќе им се приклучи на „граѓаните“ во текот на летото.
Инаку Савињо одигра шест меча за младинската селекција на Бразил и постигна четири голови, а се уште нема гол на клупски план.