Роналдо по рекордниот 59. хет-трик: За човекот не постојат граници

367

Кристијано Роналдо уште еднаш го сврте вниманието кон себе со трите гола во победата на Манчестер Јунајтед над Тотенхем со 3:2. Португалецот реализираше хет-трик за „Ѓаволите“ што беше прв по 14 години во Премиер лигата.

Пресреќен сум поради првиот хет-трик откако се вратив на Олд Трафорд. Ништо не може да ти го расипе чувството кога повторно си на терен и со голови му помагаш на тимот да победи. Уште еднаш докажавме дека можеме да победиме секого доколку играме тимски и работиме напорно. За човекот не постојат граници, без разлика каква работа работи“, напиша ЦР7 на Инстаграм.

Инаку за Роналдо тоа е 59. хет-трик во кариерата, на клупски план и во репрезентацијата со што е на врвот во оваа категорија. Зад него е Лео Меси со 55.

Попрецизно, Роналдо сега има два хет-трика во дресот на Манчестер Јунајтед, потоа 44 во дресот на Реал Мадрид, три за Јувентус и 10 за Португалија.

Foto> Twitter/Premier league

ПретходноДенвер доживеа втор пораз од ред, Голден Стејт подобар од Милвоки
СледноКулушевски не се осмели да зборува на македонски јазик по мечот со Јунајтед