Teo Ернандез: Требаше да направам трансфер во Германија, но Малдини ги заврте работите

307

Левиот бек на Милан Тео Ернандес во интервју за „Екип“ зборуваше за настапите во Милан, а својот стил на игра и за односите со соиграчите и тренерите во клубот. Французинот беше дел од Реал Мадрид, но во 2019 година го напушти и направи трансфер во Милан каде се претвори во незаменлива алка во тимот кој го брка скудетото во Италија. Тој вели дека требало да потпише за германски клуб, но направил трансфер во Милан.

Паоло Малдини е најзаслужен што потпишав за Милан. Требаше да одам во Баер Леверкузен, но тој ги заврте работите. Дојде да ме види за време на одморот на Ибица. Зборувавме за фудбал, ми ги кажа плановите на Милан и потоа разбрав дека „Сан Сиро“ е вистинското место за мене. Тој зборуваше убави работи за моите настапи и за напредокот. Тој ме донесе во Милан“, изјави Ернандес.

За тренерот Стефано Пиоли кажа:

Веднаш штом дојде, инсистираше да играм како што знам. Ми даде слобода и покажа разбирање за мојата природа и сила, наместо да ме ограничува. Имам ДНК на напаѓач во тело на дефанзивец. Во Милан напредував во однос на головите, а во тоа успеав со Пиоли. Во репрезентацијата,  Дидие Дешам ми вели да притискам во нападот, но и додава дека не треба да заборавам да помогнам во одбраната. Шемата 3-5-2 најмногу ми одговара. Можам да напаѓам повеќе – ја имам целата лева страна под контрола, а можам да одам и напред затоа што знам и дека има некој во одбрана да ме покрие.
Кога играм во одбрана со четворица, тогаш е поинаку. Тогаш немам толкава слобода во нападот. Јас сум напаѓачки играч отколку дефанзивец. Јас сум модерен дефанзивец кој сака да учествува во играта, да го следи движењето и да постигнува гол. Ова вклучува ризици, но ние сме свесни за нив. Трчам по околу 10 километри на меч“.

ПретходноСрпски голман доаѓа во Рома
СледноВо Англија одигран меч за Гинис: 54 изведени пенали за да се добие победникот на мечот!