Емир Скендери: Струга ТЛ очекува позитивен резултат во Струмица!

87

Фудбалерите на Струга Трим Лум денеска во 15 часот,во меч од 23.коло, ги очекува тешко гостување. Се среќаваат со Академија Пандев во Струмица. Меч во кој секако дека стружани посакуваат добра игра и добар резултат. Иако треба да се знае дека „пандевци“ се во одлична форма.

За тоа што може да се очекува од ова гостување, свој коментар има Емир Скендери, напаѓачот на Струга Трим Лум.

Важен меч за нас, но и за домашниот состав. Се гледа дека А. Пандев откако добро се засили во преодниот рок има добра игра и добри резултати. Од друга страна и ние се надеваме и очекуваме позитивен резултат, добро ќе ни дојде и реми, како што беше на последното гостување кај нив. Инаку токму против А. Пандев го постигнав првиот гол сезонава, се надевам дека повторно ќе постигнам и дека ќе им се вратам на головите“ заврши Скендери.

ПретходноИ Арапите се тепаат поради фудбал – Срамни сцени од Емиратите (видео)
СледноНадал беше пред елиминација, но стигна до победа на Индијан велс