ПМФЛ: “Пандевци“ во нова офанзива, шампионот ќе се мачи со Тиквеш, „лавовите“ сакаат седум од седум!

211

 

Попладнево од 15 часот на програмата се четири меча од 23.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Вчера Шкупи во дербито го победи Работнички со 2:0, додека Ренова и Пелистер играат утре.

А. Пандев дома го дочекува составот на Струга ТЛ. Според формата, игрите во последно време, секако дека струмичани се фаворити на хартија, тие имаат намера да тргнат во нова офанзива. Да потсетиме дека на последнте два меча на свој терен “пандевци“ победија со по 5:0. Од друга страна јасно е дека Струга ТЛ не е Скопје а уште помалку Борец. Нема да им биде нималку лесно на “пандевци“ со составот на Срѓан Захариевски.

Шкендија дома игра со Тиквеш. И тука домашните се фаворити, сепак се очекува разиграниот Тиквеш да му направи големи проблеми на шампионот. Ако се знае во каква ситуација е Шкендија, по последните очајни игри и поразот во средата од Работнички, тука се е можно.

Македонија ЃП во скопската пресметка го дочекуваат Скопје.И не е тајна дека “лавовите“ сакаат нова победа, седма по ред. Освен три бода за домашниот тим се друго ќе биде големо изненадување.

И во Штип домашната Брегалница сака втор врзан триумф. Откако победи со Пелистер, сега на ред е Борец. “Сините“ победуваат само со аутсајдерите, така беше барем досега.

 

ДВОЈКИ ЗА 23.КОЛО – ДЕНЕСКА 15 Ч

А.ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ

ШКЕНДИЈА –ТИКВЕШ

МАКЕДОНИЈА ЃП – СКОПЈЕ

БРЕГАЛНИЦА – БОРЕЦ

УТРЕ:

РЕНОВА – ПЕЛИСТЕР

ВЧЕРА:

ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 2:0

 

ТАБЕЛА

1.ШКУПИ 55

2.А.ПАНДЕВ 42

3.ШКЕНДИЈА 41

4.МАКЕДОНИЈА ЃП 39

5.БРЕГАЛНИЦА 33

6.РЕНОВА 32

7.РАБОТНИЧКИ 31

8.СТРУГА ТЛ 30

9.ТИКВЕШ 21

10.СКОПЈЕ 21

11.БОРЕЦ 13

12.ПЕЛИСТЕР 6

ПретходноПочнува „мисијата“ Романија, прозивката без неколку репрезентативци!
СледноСрпски голман доаѓа во Рома