Екипата на Плоешти ја забележа десеттата победа во романскиот кошаркарски шампионат, а совладан е 21-кратниот шампион на оваа земја Стеауа од Букурешт со 84:79. Голема заслуга за триумфот на Плоешти има македонскиот репрезентативец Андреј Магдевски кој постигна 18 поени за само 23 минути игра, а притоа запиша и шест асистенции за вкупен индекс 20, што беше втор највисок во неговата екипа.
А Плоешти е на деветтата позиција на табелата со скор 10-11, а големи се шансите, доколку екипата продолжи со ова темпо да стигне и до плеј-офот затоа што првите осум ќе се пласираат таму. А до крајот на регуларниот дел остануваат уште девет меча.
View this post on Instagram