Најубавата приказна: Пред девет месеци се урна на теренот, сега се враќа во репрезентацијата!

131

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се најде на списокот на својата репрезентација после девет месеци откако на Европското првенство против Финска доживеа срцев удар и се урна на теренот. Лекарскиот тим по долго време успеа да го врати во живот, по што му беше вграден дефибрилатор, причина поради која не смееше да настапува во Серија.

30-годишниот Ериксен се врати на терените во својот нов тим, Брентфорд, кој настапува во англиската Премиер-лига. Тој ќе игра за данската репрезентација на двата пријателски натпревари против Холанија на 25. март, и против Србија три дена подоцна.

ПретходноМилевски утре со списокот: Адеми ќе дојде, сепак тешко дека ќе игра во Палермо
СледноБензема стана најдобриот француски голгетер